На Изборното собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), одржано на 7 ноември 2025 година, нашиот проф. д-р Димитар Трајанов беше избран за дописен член на Академијата.

Со ова признание, МАНУ го потврди неговиот висок придонес во развојот на науката и образованието во Македонија, како и неговата долгогодишна и плодна научноистражувачка активност.

Професорот Трајанов е автор на над 220 научни и стручни трудови, од кои 28 се објавени во списанија со фактор на влијание, а 195 трудови во рамки на меѓународни конференции и други релевантни публикации.

Овој избор претставува високо признание за неговата посветеност, иновативност и академски интегритет, но и гордост за целиот колектив на ФИНКИ и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Искрени честитки до проф. д-р Трајанов со желби за уште поголеми успеси и нови научни достигнувања!

1