Компанијата Singular објавува отворен конкурс за работа и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Компанијата има потреба од двајца вработени кои ќе работат на позицијата млади софтверски инженери. Инженерите ќе поминат низ некаков процес на интерна обука. Иницијално планот е да бидат дел од тимот што работи на развој на платформата за спортско обложување на интернет. Повеќе детали за работното место можете да добиете во текстот што следува.

 

Сингулар Груп е во фаза од својот развој во која го проширува својот човечки капацитет. Покрај искусни софтверски инженери би сакале да го зголемиме тимот и со помлади софтверски инженери. 
 

Она што Сингулар може да ви го понуди е:

  • Соодветно димензионирање на работните задачи за помладите колеги
  • Помош во процесот на учење од нашите постари софтверски инженери
  • Употреба на актуелни технологии во доменот на спортско обложување и видео игри

 

Она што ќе биде обврска и што го очекуваме од идните софтверски инженери е:

 

Елементарни одговорности

  • Учество во анализа на барања
  • Учество во пишување изворен код
  • Анализа на изворен код
  • Дебагирање
  • Учество во испорака на софтверско решение
  • Учество во корекција на идентификувани дефекти кај решение и нивна корекција
  • Креирање техничка документација
  • Документирање изворен код
  • Временска проценка за реализација на сопствените задачи
  • Евидентирање на потрошеното време за реализација на сопствените задачи 

Квалификации

  • Елементарно познавање на веб концепти
  • Елементарно познавање на објектно ориентиран концепт
  • Подготвен да учи, напредува и вложува во себе
  • Солидни комуникациски вештини и тимски играч
  • Тимски играч
  • Да е способен да кореспондира на Англиски јазик (пред се читање и пишување)

Пожелни искуства

  • Кандидатите што ќе ги задоволат барањата од листата што следи, имаат предност
  • Било какво искуство со Java, J2EE, JBoss, JPA, REST, Eclipse
  • Познавање на концептот на повеќе слојна софтерска архитектура (n-layer architecture)
  • Познавање и употреба на веб сокети (WebSockets)
  • Познавање на доменот на спортско обложување
  • Познавање елементарни дизајн патерни
  • Елементарно познавање на UML

За подетални информации можете да контактирате со Васил Буралиев

Кандидатите потребно е да ги пратат своите кратки биографии на оваа адреса.