Почитувани студенти,
На линкот е распоредот за полагање на парцијални испити, во деновите од 21.4.2020 до 25.4.2020. Соодветно на тоа, наставата ќе продолжи да се изведува од Понеделник, 27.4.2020 година.
Напоменуваме дека електронското полагање е опционално, односно не е задолжително за студентите.
Парцијалните испити по дел од предметите согласно објавениот распоред ќе се одвиваат преку електронски средства на системот за е-учење кој за студентите е достапен преку адресата: ispiti.finki.ukim.mk
За да можете да полагате парцијални испити преку електронски средства потребни ви се следните услови:
- Да имате персонален компјутер (десктоп или лаптоп)
- Да имате интернет конекција
- Да инсталирате софтверска компонента специјализирана за полагање на далечина - Safe Exam Browser
Софтверсkиот пакет Safe Exam Browser може да го преземете од следната адреса:
https://github.com/SafeExamBrowser/seb-win/releases/download/v2.3/SafeExamBrowserInstaller.exe
За секој предмет во соодветниот курс на системот ispiti.finki.ukim.mk, ќе добиете дополнителни насоки од страна на предметните професори, согласно начинот на полагање.
Со преземање на специјалниот пакет даден во секој курс започнувате со испитот, при што се активира специјализираната софтверска алатка која ви овозможува да полагате во контролирана околина.
За време на полагањето, софтверот ќе ви дозволи пристап само до оние ресурси кои Ви се потребни за реализација на испитите и ќе оневозможи користење на други алатки или програми.
По завршувањето на полагањето и гасењето на софтверот, компјутерскиот систем ќе се врати во нормала и ќе можете да продолжите нормално да го користите.
Би сакале да Ви укажеме дека софтверскиот пакет поседува низа на заштитни механизми со кои се спречуваат злоупотреби за време на испитот и доколку се случи истиот да детектира некаква недозволена активност истиот ќе го заврши испитот, со што за Вас полагањето ќе заврши.
Согласно одлуката на Наставно научниот совет, препишувањето за време на електронскиот испит се квалификува како најтежок облик на дисциплинска повреда и повлекува најстрога казна предвидена со статутот на Факултетот и Универзитетот
Пристапот до парцијалните испити е можен само со користење на специјалната софтверска алатка, па затоа ги советуваме студентите навремено да го инсталираат.
Токму за таа цел, на системот ispiti.finki.ukim.mk во курсот KONSULTACII (директен линк: https://ispiti.finki.ukim.mk/course/view.php?id=1599 ) е поставен тест испит кој има за цел да ги запознае студентите со начинот на изведување на испитите и да може навремено студентите да се осигураат дека сите технички услови се исолнети за одвивање на парцијалните испити.
Ги охрабруваме сите студенти навремено да се подготват за да процесот на изведување на парцијални испити.