Почитувани кандидати, ве известуваме дека запишувањето на рангираните кандидати според решението за прием во третиот уписен рок ќе се изврши на 30.9.2021 од 09:00 - 14:30 часот во студентска служба на ФИНКИ.

Им пожелуваме успех на сите идни студенти на ФИНКИ!

Напомена: Рангираните кандидати мора задолжително да се запишат во овие термини и да достават во целост наведените документи.

 

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ПРИ ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВИ СТУДЕНТИ ВО УЧЕБНАТА 2021/2022

 

При запишувањето, примените кандидати треба да донесат:

1. Изјава за доставени документи

2. Индекс и студентска легитимација, пополнети без број на индекс (се купува од книжара)

3. Три фотографии (две 3.5 х 4.5 см и една 2 х 3 см)

3. Образец за запишување на семестар, пополнет и потпишан (се купува од книжара)

    3.1.    Листа на предмети  според насоки кои се пополнуваат во образецот.

4. Сите документи во оригинал, кои се доставени во електронска форма при уписот:

    4.1.    Оригинален А1 образец, пополнет и потпишан (се купува од книжара)

    4.2.    Испечатена и потпишана електронска пријава (интерен пријавен лист)

    4.3.    Оригинални свидетелства од сите класови

    4.4.    Оригинал документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)

    4.5.    Извод од матична книга на родени (оригинал)

    4.6.     Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение, оригинал)

    4.7.     Потврди за уплата на административна такса од 50 денари и за уплата од 300 денари на жиро-сметката на факултетот.

    4.8.    Изјава за неподигање на документи

    4.9.    Изјава за неконкурирање на други факултети

    4.10.     Изјава за национална припадност (доколку има доставено во електронска форма)

    4.11.    Изјава за користење на лични податоци

    4.12.     Дипломи и сертификати за освоени награди (доколку има доставено во електронска форма)

    4.13.    Документи за специјални услови (доколку е рангиран како кандидат со специјални услови)

5. Пријавен лист од Државен завод за статистика на РМ (образец ШВ. 20)

5. Кандидатите примени во државна квота поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 100 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница)  

    5.1.    Договор за студирање во државна квота во два примероци.

6. Кандидатите во квота со кофинансирање поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 200 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница), како и

    6.1.    Изјава за согласност за поднесување на трошоците на студирање  и

    6.2.    Договор за студирање во квота со кофинансирање во два примероци

7. Потврда за уплата на 750,00 денари на сметката на ФИНКИ за административно материјални трошоци и осигурување. (пример уплатница)

8. Потврда за уплатени 750,00 денари - за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот  “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака Одлука на УКИМ за ИКСА, ФИНКИ, на жиро сметка 1600103689 788 18, депонент НБРМ со трезорска сметка 100000000063095, повикување на број 723012, програма 41 (пример уплатница).

9. Студенти кои сакаат да дадат пристап на трето лице за увид на личните документи и пристап до документите од студентското досие, потребно е да пополнат и поднесат Изјава за пристап до информации и документи од трети лица на ФИНКИ

 

Уплатите за ФИНКИ се вршат на следната  жиросметка

•    Назив на примачот: Буџет на РМ - ФИНКИ – Скопје

•    Банка на примачот: НБРМ

•    Сметка: 100000000063095

•    Сметка на буџетски корисник:  160016170078813

•    Приходна шифра: 723012

•    Програма 41

 

Сите документи наведени во претходните точки, треба да бидат доставени во затворен коверт на кој ќе биде означено приемното бројче, името и презимето на кандидатот и насоката на која е примен.