Почитувани кандидати, ве известуваме дека запишувањето на рангираните кандидати според решението за прием во вториот уписен рок ќе се изврши на 26.09.2024 на шалтер во студентска служба од 9:00 до 12:00 часот.

Им пожелуваме успех на сите идни студенти на ФИНКИ!

Рангираните кандидати мора задолжително да се запишат во овој термин и да ги достават во целост наведените документи. Во спротивно, ќе го изгубат добиеното место и доколку сакаат пак да се запишат на ФИНКИ, ќе мора да се пријават на третиот уписен рок, од почеток, доколку останат слободни места.

 

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ПРИ ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВИ СТУДЕНТИ ВО УЧЕБНАТА 2024/2025