Почитувани кандидати, ве известуваме дека запишувањето на рангираните кандидати според решението за прием  во првиот уписен рок ќе се изврши на 10.09.2019 од 09:00 - 14:30 часот и 11.09.2018 од 09:00 - 12:30 часот во просториите на ФИНКИ.
 
Им пожелуваме успех на сите идни студенти на ФИНКИ!

Напомена: Рангираните кандидати мора задолжително да се запишат во овие термини, инаку ќе го изгубат добиеното место и доколку сакаат пак да се запишат на ФИНКИ, ќе мора да се пријават на вториот или третиот уписен рок, од почеток, доколку останат слободни места.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ПРИ ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВИ СТУДЕНТИ ВО УЧЕБНАТА 2019/2020

При запишувањето, примените кандидати треба да донесат:
 
1.    Индекс и студентска легитимација
2.    Три фотографии (две 3.5 х 4.5 см и една 2 х 3 см)
3.    Образец за запишување на семестар
    i.    Листа на предмети според насоки кои се пополнуваат во образецот.
4.    Пријавен лист од Државен завод за статистика на РМ (образец ВОИ. 20)
5.    Кандидатите примени во државна квота поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 100 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница)  
    i.    Договор за студирање во државна квота во два примероци
6.    Кандидатите во квота со кофинансирање поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 200 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница), како и
    i.    Изјава за согласност за поднесување на трошоците на студирање и
    ii.    Договор за студирање во квота со кофинансирање во два примероци
7.    Потврда за уплата на 750,00 денари на сметката на ФИНКИ за административно материјални трошоци и осигурување. (пример уплатница)
8.    Потврда за уплатени 750,00 денари - за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот  “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака Одлука на УКИМ за ИКСА, ФИНКИ, на жиро сметка 1600103689 788 18, депонент НБРМ со трезорска сметка 100000000063095, повикување на број 723012, програма 41 (пример уплатница).
9. Студенти кои сакаат да дадата пристап на трето лице за увид на личните документи и пристап до документите од студентското досие, потребно е да пополнат и поднесат Изјава за пристап до информации и документи од трети лица на ФИНКИ

Уплатите за ФИНКИ се вршат на следната  жиросметка
•    Назив на примачот: Буџет на РМ - ФИНКИ – Скопје
•    Банка на примачот: НБРМ
•    Сметка: 100000000063095
•    Сметка на буџетски корисник:  160016170078813
•    Приходна шифра: 723012
•    Програма 41

Кандидатите кои нема да се запишат или се откажуваат од запишувањето на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во учебната 2019/2020, поднесените документи можат да ги повлечат на 10.09.2019 и 11.09.2019 (09 - 14:30 часот). При тоа, потребно е да се потпише изјава за подигнување на документите во 2 примероци.

Напомена за стипендистите
Сите кандидати кои имаат добиено потврди за стипендии од ФИНКИ, а не ги приложиле во документите за пријавување, потребно е истите да ги донесат при уписот на 10.09.2019 и 11.09.2019 година.
Сите кандидати кои немаат ваков документ, а имаат награди од државни, меѓународни натпревари и олимпијади по информатика, математика или физика и не ги предале при пријавувањето, потребно е да ги донесат дипломите при уписот и ќе добијат ослободување од плаќање партиципација. Студентите ја задржуваат стипендијата во текот на целото студирање само ако имаат просек над 9,00.
Највисоко рангирани 10 кандидати со завршена државна матура, во категоријата редовни студенти, во првиот уписен рок се стипендирани од УКИМ, односно се ослободени од плаќање партиципација само во учебната 2019/2020 година. Списокот со овие студенти  е поставен овде . Студентите преминуваат во стипендисти на ФИНКИ и ја задржуваат стипендијата во текот на целото студирање само ако имаат просек над 9,50.