Почитувани кандидати, ве известуваме дека запишувањето на рангираните кандидати според решението за прием  во вториот уписен рок ќе се изврши на 24.9.2019 од 09:00 - 14:30 часот во просториите на ФИНКИ.
 
Им пожелуваме успех на сите идни студенти на ФИНКИ!

Напомена: Рангираните кандидати мора задолжително да се запишат во овој термин, инаку ќе го изгубат добиеното место и доколку сакаат пак да се запишат на ФИНКИ, ќе мора да се пријават на третиот уписен рок, од почеток, доколку останат слободни места.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ПРИ ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВИ СТУДЕНТИ ВО УЧЕБНАТА 2019/2020

При запишувањето, примените кандидати треба да донесат:
 
1.    Индекс и студентска легитимација
2.    Три фотографии (две 3.5 х 4.5 см и една 2 х 3 см)
3.    Образец за запишување на семестар
    i.     Листа на предмети според насоки кои се пополнуваат во образецот.
4.    Пријавен лист од Државен завод за статистика на РМ (образец ВОИ. 20)
5.    Кандидатите во квота со кофинансирање поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 200 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница), како и
    i.    Изјава за согласност за поднесување на трошоците на студирање и
    ii.    Договор за студирање во квота со кофинансирање во два примероци
6.    Потврда за уплата на 750,00 денари на сметката на ФИНКИ за административно материјални трошоци и осигурување. (пример уплатница)
7.    Потврда за уплатени 750,00 денари - за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот  “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака Одлука на УКИМ за ИКСА, ФИНКИ, на жиро сметка 1600103689 788 18, депонент НБРМ со трезорска сметка 100000000063095, повикување на број 723012, програма 41 (пример уплатница).
8. Студенти кои сакаат да дадата пристап на трето лице за увид на личните документи и пристап до документите од студентското досие, потребно е да пополнат и поднесат Изјава за пристап до информации и документи од трети лица на ФИНКИ

Уплатите за ФИНКИ се вршат на следната  жиросметка
•    Назив на примачот: Буџет на РМ - ФИНКИ – Скопје
•    Банка на примачот: НБРМ
•    Сметка: 100000000063095
•    Сметка на буџетски корисник:  160016170078813
•    Приходна шифра: 723012
•    Програма 41

Кандидатите кои нема да се запишат или се откажуваат од запишувањето на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во учебната 2019/2020, поднесените документи можат да ги повлечат на 24.9.2019 (09 - 14:00 часот). При тоа, потребно е да се потпише изјава за подигнување на документите во 2 примероци.