24/03/2025

ФИНКИ, во соработка со Студентскиот парламент на ФИНКИ (СП ФИНКИ) и Факултетското студентско собрание на ФИНКИ (ФСС ФИНКИ), ве поканува на Контакт 2025, најголемиот саем за вработување и пракса во ИТ индустријата!
Настанот ќе се одржи од 25 до 28 март 2025 во холот на Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ).
Дали сте подготвени да го направите следниот чекор во вашата кариера? Контакт 2025 ви нуди уникатна можност да:
- Се сретнете лично со претставници од врвни ИТ компании
- Дознаете повеќе за актуелните можности за пракса и вработување
- Следите онлајн презентации и инспиративни сесии од индустриски експерти
- Стапите во контакт со потенцијални работодавци и го проширите вашето професионално вмрежување
Не ја пропуштајте шансата да се запознаете со светот на ИТ индустријата одблизу и да започнете со градење на вашата кариера уште додека студирате.
25 – 28 март 2025
Локација: Хол на ТМФ
* Во меѓувреме посетете не на kontakt.mk, направете профил и бидете чекор поблиску до својот иден работодавач.
Ве очекуваме!
1