Објавено на:
24/01/2018
Сите студенти од прва година на студии задолжително треба да направат систематски преглед. Систематските прегледи се вршат во ЗУ Поликлиника на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, сместена во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу, на улица Митрополит Теодосиј Гологанов број 58.
Прегледите се вршат во работни денови од 7:30 до 12:00 часот, во перидот од 22.01.2018 до 16.02.2018 година. За прегледот, студентите е потребно да носат со себе:
- Индекс
- Заверена здравствена легитимација
- Копии од страниците 2 до 5 од здравствената легитимација
Прегледот вклучува лабораториска анализа (од 7:30 до 10:00 часот), општ медицински преглед и стоматолошки преглед.