Почитувани студенти,

Согласно воспоставената пракса и во учебната 2020/21 година, Факултетот ќе издвои средства за делумно намалување на партиципација на студенти од социјално загрозени семејства и деца на самохрани родители.

Студентите на ФИНКИ кои имаат потреба од ослободување на дел од партиципацијата за учебната година 20/21 можат да поднесат молба за делумно намалување на партиципација со приложување на документи со кои се поткрепува молбата.

Документите, заедно со молбата во која се наведени личните податоци, број на индекс, насока и квота, скенирани треба да се испратат во период од 01.10.2020 до 25.10.2020, на следниов mail: molbi@finki.ukim.mk.

 

Напомена: Евентуалното намалување на партиципација е на годишно ниво и се пресметува во летниот семестар од учебната 20/21 година.