Сите студенти на ФИНКИ кои сакаат да направат промена на студиската програма, согласно одлуката на ННС на ФИНКИ, истото можат да го направат во периодот 01.09.2017 до 11.09.2017 година. Молбите за промена на студиската програма се поднесуваат преку системот за молби http://molbi.finki.ukim.mk.
 
По одобрување на молбата студентите треба да го испечатат и потпишат документот кој ќе го добијат на емаил и заедно со уплатница 1000МКД на сметката на ФИНКИ со назнака за промена на студиска програма (согласно ценовникот на ФИНКИ) да го достават во архивата на факултетот најдоцна до 15.09.2017 година.