На 27.10.2017 година (петок) ќе се одржи спортско-рекреативен и забавен ден, 32-тa по ред есенска студентска планинарска тура “Водно 2017 година”.

Традиционално, покровител на Планинарската тура е ректорот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. 

Оваа спортска активност се одржува по повод “13 Ноември” – Денот на ослободувањето на град Скопје.

Стартот на планинарската тура е со почеток во 10:00 часот на платото пред хотелот "Средно Водно". Секој студент од прва година треба да го понесе својот индекс и е ослободен од редовните обврски на факултетот.

Учеството е особено препорачано за студентите од прва година на факултетите, но поканата се однесува на сите студенти и вработени од УКИМ.