Тим на ФИНКИ учествуваше на Регионалниот натпревар за Југоисточна Европа (SEERC) на ICPC 2024, одржан на 16-17 ноември 2024 година во Букурешт, Романија и притоа освои бронзен медал и се квалификуваше за претстојниот европскиот натпревар.

Регионалниот натпревар во Југоисточна Европа (SEERC) е регионална компонента на Меѓународниот натпревар за колегиумско програмирање (International Collegiate Programming Contest - ICPC). Тој е дел од конкурентниот програмски екосистем наменет за студенти, нудејќи можност за решавање на сложени алгоритамски проблеми во средина под висок притисок.

На овој натпревар 92 тима од повеќе земји, вклучувајќи ја и Северна Македонија, се натпреваруваа за решавање на предизвикувачки алгоритамски проблеми. Тимот на ФИНКИ се стекна со бронзен медал и со тоа се квалификуваше за претстојниот европскиот натпревар во февруари во Португалија.

1