Почитувани студенти,

Во табелата дадени се термини за добивање на печати во индекс за упис на летен семестар 2025/2026 година.

Обрасци за запишување и заверка на семестар НЕ ТРЕБА ДА СЕ ДОСТАВУВААТ.

Студентите кои не извршиле уплата за упис на семестар, истото треба да го направат преку Iknow системот или на уплатници согласно новиот ценовник:

  • Уплата за школарина (пример уплатница)
  • Уплата во износ од 1000 денари на сметката на Финки (Дополнителни надоместоци за извршени услуги или трошоци поврзани со специфики во реализација на студиските програми на Факултетот) (пример уплатница)
  • Уплата од 350 денари на сметката на Уким, E-УКИМ (Користење на електронски услуги од УКИМ - формулари, пријави, уписни и листови за заверка на семестар) (пример уплатница)
  • Уплата од 100 денари на сметката на Уким (Реализирање на дигиталната услуга - запишување и заверување на семестар) (пример уплатница)

Се замолуваат студентите да не чекаат за носење на документација во последниот ден, бидејќи се создава многу гужва и нема да може сите да бидат услужени.

Студенти запишани во учебната година Дата (работни денови) Приемно време
2025 02.03.2026 – 06.03.2026 Од 09 до 12 часот
2024 09.03.2026 – 13.03.2026 Од 09 до 12 часот
2023 16.03.2026 – 19.03.2026 Од 09 до 12 часот
2022 - 2021 23.03.2026 – 27.03.2026 Од 09 до 12 часот
2020 - 2019 06.04.2026 – 09.04.2026 Од 09 до 12 часот
2018 – останати 14.04.2026 – 17.04.2026 Од 09 до 12 часот