Почитувани,
Подолу се објавени списоци на примени студенти на ФИНКИ на втор циклус на студии за академската 2023/2024 година, како и потребните документи за упис.
- Data science in computer science and engineering
- Безбедност, криптографија и кодирање / Security, Cryptography and Coding
- Биоинформатика
- Едукација со ИКТ
- Интелигентни системи
- Интернет технологии и сајбер безбедност
- Компјутерски науки
- Пресметување во облак
- Софтвер за вградливи системи
- Софтверско инженерство
- Управување во информатички технологии / IT management
- Биоинформатика (2 годишни)
- Пресметување во облак (2 годишни)
- Управување во информатички технологии (2 годишни)
Уписот на новите студенти на II циклус на студии во учебната 2023/2024 ќе се врши од 19.10. до 25.10.2023 година од 09:00 до 12:00 ч во службата за студентски прашања на ФИНКИ.
Потребни документи за запишување:
1. Индекс
2. 3 фотографии
3. Доказ за државјанство на РМ (уверение или решение)
4. Извод од матичната книга на родените
5. Образец за запишување семестар
7. Статистички образец за II циклус на студии – ШВ.80А
8. Договор за студирање за едногодишни и двогодишни студии
9. Доказ за уплата на прва рата во висина од 900 евра за едногодишните студии односно 625 евра за двогодишните студии во денарска противвредност според среден курс на Народна Банка на РС. Македонија.