Почитувани,
Подолу се наведени потребните документи за упис на примени студенти на ФИНКИ на втор циклус на студии за академската 2024/2025 година.
Уписот на новите студенти на II циклус на студии во учебната 2024/2025 ќе се врши од 28.10. до 01.11.2024 година, заклучно со 01.11.2024, од 09:00 до 12:00 ч во службата за студентски прашања на ФИНКИ.
Потребни документи за запишување:
1. Индекс
2. 3 фотографии
3. Доказ за државјанство на РМ (уверение или решение)
4. Извод од матичната книга на родените
5. Образец за запишување семестар
7. Статистички образец за II циклус на студии – ШВ.80А
8. Договор за студирање за едногодишни и двогодишни студии
9. Доказ за уплата на прва рата во висина од 900 евра за едногодишните студии односно 625 евра за двогодишните студии во денарска противвредност според среден курс на Народна Банка на РС. Македонија.