Во среда, на 11ти март, со почеток во 11.00 часот во хотел Александар Палас во Скопје, ќе се одржи седмата од серија јавни трибини за Дигитализација на јавните услуги во Република Северна Македонија.

На трибината ќе се зборува за дигитализацијата на земјата, како и за нејзината улога во професионализирањето на јавната администрација.

Посебен фокус ќе се стави на Националниот портал за електронски услуги како електронска платформа достапна на https://uslugi.gov.mk, преку која на граѓаните им се овозможува да добијат информации за јавните услуги и да користат е-услуги од надлежни органи, значително олеснувајќи го административниот процес.

За дигитализацијата на земјата ќе говорат:

1. Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација

2. Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје

3. Сања Лукаревска, директорка на УЈП

4. Зоран Лазаревски, член на УО на МАСИТ

5. проф. д-р Анастас Мишев професор на ФИНКИ.

Ве покануваме да присуствувате и да дадете свој придонес кон јавната трибина.

1