„Huawei Seeds for the future“ – онлајн студиска програма

 Министерството за информатичко општество и администрација преку соработка со компанијата Huawei обезбеди можност за наградување на петте најдобри студенти од ИКТ факултетите во Република Северна Македонија. Станува збор за онлајн студиската програма „Huawei Seeds for the future” која компанијата Huawei ја спроведува од 2008 година, преку која на најдобрите студенти им се нуди можност да се запознаат со нејзиното работење во доменот на ИКТ индустријата. Сите трошоци за оваа програма се покриени од компанијата Huawei. Програмата ќе се одржува од 2ри до 6ти Ноември 2020 на јавната образовна платформа iLearningX.

Студeнтите кои можат да аплицираат за оваа програма треба да:

  • Имаaт просек над 9.0
  • Да имаат имаат запишано 3та година на факултет
  • Се запишани за прв пат на студии после 2016 година (сметано од 2016 година)
  • Имаат одлично познавање на англискиот јазик (говорење и пишување)
  • Подготват мотивациско писмо не подолго од 2 страни, пишано на англиски јазик.
  • Не се постари од 30 години

Студентите може да аплицира со скениран пасош (или лична карта) и уверение за положени испити каде се дадени бројот на положени испити и просек на добиени оценки, со известување на вкупниот број на испити (без дипломска работа). Мотивациското писмо ќе биде користено како критериум за избор на најдобрите кандидати.

Апликациите да се пратат на мејл apliciraj@mioa.gov.mk до 26.10.2020 година 23: 59 часот.

Избраните кандидати ќе бидат известени по мејл најдоцна до 29.10.2020 година.

 

За програмата:

Во 2020 година Huawei овозможува онлајн искуство за најновите технолошки трендови, студентите да го откријат екосистемот на технологијата во Кина, да учат од најдобрите експерти во индустријата и да добијат увид во кинеската култура.

Huawei овозможи 5-дневна онлајн програма која бара околу 14 часа посветеност: задолжителни часови по технологија (300 мин.) + Huawei турнеи (100 мин.) + 6 задолжителни сесии во живо (375 мин.) + 1 час изборен курс (60 мин.) + слободен пристап до сите други изборни часови и наменски избрани ресурси за кинеската култура.

Програмата е дизајнирана да биде флексибилна. Студентите можат да учат врз основа на нивниот сопствен распоред. Клучните услови се тие да присуствуваат на сите сесии во живо планирани во стандардната агенда, да ги завршат задолжителните курсеви за технологија и едночасовниот курс меѓу изборните, пред церемонијата на затворање која ќе се одржи на крајот. Сите учесници можат слободно да се приклучат на повеќе курсеви од каталогот на курсеви засновани врз сопствен интерес.

 

0