Пресметување во облак (3+1+1)

Постдипломските студии по пресметување во облак се стремат кон врвно европско образование и обучување, кои по завршувањето на студиите ќе можат да испорачуваат скалабилни и еластични инфраструктури, платформи и софтвери, кои се висококвалитетни и доверливи и кои ги задоволуваат потребите на локалната индустрија.

Програмата во рамките на студиите по пресметување во облак се компатибилни со соодветните студии кои се нудат на најголемиот број светски универзитети кои ја поддржуваат оваа актуелна тематика и овозможуваат мобилност на студентите.

  • Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ
  • Назив на студиската програма: Академски студии од втор циклус по Пресметување во облак
  • Научно - истражувачко подрачје: 2 техничко-технолошко
  • Поле: 212 компјутерска техника и информатика
  • Област: 21208 друго
  • Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС кредити.
  • Траење на студиите: 2 семестри.
  • Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели).
  • Услови за запишување на студиите: На студиите по пресметување во облак можат да се запишат студенти кои имаат завршено студии кои имаат 240 или 180 кредити на додипломски студии.
  • Воведувачки слој: на студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити им се нуди множество диференцијални воведувачки предмети. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со првиот семестар на постдипломските студии.
  • Прв семестар: 2 задолжителни предмети, 1 изборен општо-образовен предмет, 2 изборни предмети од областа, од кои еден може да биде од листата на слободни изборни предмети на УКИМ.
  • Втор семестар: 2 изборни предмети од областа, од кои еден може да е од листата на УКИМ (само доколку во првиот семестар предметите се избрани на ниво на факултет) и завршен проект – магистерска тема (18 ЕКТС)
  • 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман
  • Бројот на контактните часови е 4

Стекната титула:  Магистер по информатички науки и компјутерско инженерство од областа на пресметување во облак.

2.  Воведувачки слој

Воведувачкиот слој им е наменет на студентите кои студии кои траат помалку од четири години или стекнале помалку од 240 кредити од претходните студии.

Табела 1: Листа на предметите на воведувачкиот слој

 

код

предмет

СЕМЕСТАР

ЕКТС

Предуслов

1

CSEW506

Веб програмирање

седми

VII

6

Интернет технологии

2

CSEW705

Иновации преку ИКТ

седми

VII

6

нема

3

 

Изборен предмет 1

седми

VII

6

 

4

 

Изборен предмет 2

седми

VII

6

 

5

 

Изборен предмет 3

седми

VII

6

 

6

CSES802

Виртуелизација и пресметување во облак

осми

VIII

6

Дизајн на компјутерски мрежи, Администрација на мрежни сервиси, Компјутерски мрежи, Интернет

7

CSES628

Сервисно ориентирани архитектури

осми

VIII

6

Интернет програмирање

8

 

Изборен предмет 4

осми

VIII

6

 

9

 

Изборен предмет 5

осми

VIII

6

 

10

 

Изборен*

осми

VIII

6

 

*Предметот може да се избере од Универзитетската листа на слободни изборни предмети

 

Табела 2: Листа на изборните предмети во воведувачки слој

 

 

код

предметИ

СЕМЕСТАР

ЕКТС

Предуслов

1

CSEW526

Пресметување со високи перформанси

седми

VII

6

Архитектура и организација на компјутери или компјутерски архитектури

2

CSEW513

Дистрибуирани системи

седми

VII

6

Компјутерски мрежи, Алгоритми и структури на податоци

3

CSEW702

Веб базирани системи

седми

VII

6

Нема

4

CSEW718

Дистрибуирано и паралелно процесирање

седми

VII

6

Оперативни системи, паралелно програмирање

5

CSEW312

Мултимедијални технологии

седми

VII

6

Вовед во ИТ или

Основи на софтверско инженерство

6

CSEW515

Компјутерска етика

седми

VII

6

Нема

7

CSEW514

Имплементација на системи со отворен код

седми

VII

6

Нема

8

CSEW522

Напреден веб дизајн

седми

VII

6

Нема

9

CSES621

Паралелно програмирање

осми

VIII

6

Напреден развој на софтвер

10

CSES602

Безбедност на компјутерски системи

осми

VIII

6

Оперативни системи

11

CSES634

Управување со ИКТ проекти

осми

VIII

6

Нема

12

CSES601

Администрирање на ИТ системи

осми

VIII

6

Нема

13

CSES618

Мрежна безбедност

осми

VIII

6

Податочни и компјутерски комуникации, Оперативни системи

14

CSES622

Податочно рударство

осми

VIII

6

Нема

15

CSES630

Современи компјутерски архитектури

осми

VIII

6

Архитектура и организација на компјутери или Компјутерски Архитектури

16

CSES619

Напредни бази на податоци

осми

VIII

6

Бази на податоци

17

CSES609

Дизајн на компјутерски мрежи

осми

VIII

6

Податочни и компјутерски комуникации

 

По успешното завршување на сите десет предмети и остварени 60 кредити, студентот со претходно стекнати 180 ЕКТС кредити (или завршени тригодишни студии) продолжува со предметите од втората студиска година на постдипломски студии.

3. Студии
 

Табела 1: Листа на предметите на постдипломски студии

 

 

Име на предметот

Статус

Семестар

ЕКТС

1

Виртуелизирани податочни центри

З

зимски

6

2

Скалабилност и повеќестанарство за SaaS апликации

З

зимски

6

3

Изборен општо-образовен предмет *

И

зимски

6

4

Изборен предмет

И

зимски

6

5

Изборен предмет

И

зимски

6

6

Изборен предмет

З

летен

6

7

Изборен предмет

И

летен

6

8

Магистерска тема

З

летен

18

* Се бира еден предмет од Табела 2

Табела 2. Општо-образовни предмети 

 

Код

Име на предметот

Статус

Семестар

ЕКТС

1

СЕ-И2-08

Деловно моделирање

И

зимски

6

2

ОО-З-01

Истражувачки методи и техники на пишување

И

зимски

6

3

СЕ-И1-04

Приватност, етика и општествени одговорности

И

зимски

6

3.1 Изборни предмети

Студентот може да избере предмет од листата на понудени изборни предмети од сите студиски програми од втор циклус на студии. Листата на понудени изборни предмети може да се најде на овој линк.