Пресметување во облак (4+1)

Постдипломските студии по пресметување во облак се стремат кон врвно европско образование и обучување, кои по завршувањето на студиите ќе можат да испорачуваат скалабилни и еластични инфраструктури, платформи и софтвери, кои се висококвалитетни и доверливи и кои ги задоволуваат потребите на локалната индустрија.

Програмата во рамките на студиите по пресметување во облак се компатибилни со соодветните студии кои се нудат на најголемиот број светски универзитети кои ја поддржуваат оваа актуелна тематика и овозможуваат мобилност на студентите.

  • Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ
  • Назив на студиската програма: Академски студии од втор циклус по Пресметување во облак
  • Научно - истражувачко подрачје: 2 техничко-технолошко
  • Поле: 212 компјутерска техника и информатика
  • Област: 21208 друго
  • Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС кредити.
  • Траење на студиите: 2 семестри.
  • Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели).
  • Услови за запишување на студиите: На студиите по пресметување во облак можат да се запишат студенти кои имаат завршено студии кои имаат 240 или 180 кредити на додипломски студии.
  • Воведувачки слој: на студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити им се нуди множество диференцијални воведувачки предмети. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со првиот семестар на постдипломските студии.
  • Прв семестар: 2 задолжителни предмети, 1 изборен општо-образовен предмет, 2 изборни предмети од областа, од кои еден може да биде од листата на слободни изборни предмети на УКИМ.
  • Втор семестар: 2 изборни предмети од областа, од кои еден може да е од листата на УКИМ (само доколку во првиот семестар предметите се избрани на ниво на факултет) и завршен проект – магистерска тема (18 ЕКТС)
  • 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман
  • Бројот на контактните часови е 4

Стекната титула:  Магистер по информатички науки и компјутерско инженерство од областа на пресметување во облак.

2. Студии
 

Табела 1: Листа на предметите на постдипломски студии

 

 

Име на предметот

Статус

Семестар

ЕКТС

1

Виртуелизирани податочни центри

З

зимски

6

2

Скалабилност и повеќестанарство за SaaS апликации

З

зимски

6

3

Изборен општо-образовен предмет *

И

зимски

6

4

Изборен предмет

И

зимски

6

5

Изборен предмет

И

зимски

6

6

Изборен предмет

З

летен

6

7

Изборен предмет

И

летен

6

8

Магистерска тема

З

летен

18

* Се бира еден предмет од Табела 2

Табела 2. Општо-образовни предмети 

 

Код

Име на предметот

Статус

Семестар

ЕКТС

1

СЕ-И2-08

Деловно моделирање

И

зимски

6

2

ОО-З-01

Истражувачки методи и техники на пишување

И

зимски

6

3

СЕ-И1-04

Приватност, етика и општествени одговорности

И

зимски

6

2.1 Изборни предмети

Студентот може да избере предмет од листата на понудени изборни предмети од сите студиски програми од втор циклус на студии. Листата на понудени изборни предмети може да се најде на овој линк.