EESTEC LC Skopje и Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - Скопје со гордост Ви го најавуваат четвртото издание на интернационалната работилница “Code App, Level Up.

Работилницата претставува интернационален семинар од едукативен и компететитивен карактер. Во ова издание на “CALU” ќе биде обработена тематиката “Општествено одговорни веб страни”, каде би можеле Вашето знаење да го проширите преку академскиот дел, како и практично да ја реализирате Вашата тимска идеја за време на работилниците. Во текот на овие работилници би имале ментори од кои би можеле да побарате стручно мислење и помош при вашите потешкотии во реализацијата на веб страната.

_dsc0291.jpg

На овој настан би добиле квалитетна обука во следните области:

- Дизајн на веб платформа (Front-end) – каде би се запознале со технологии кои се користат за дизајн на веб страни, како што се: Bootstrap, Angular 2 и JavaScript.

- Развој на веб платформа (Back-end) – каде би се запознале со технологии кои се користат за развој на веб страни, како што се: ASP.Net и Јava Spring.

Настанот ќе се одржува од 26-ти февруари до 3-ти март 2018 година. На семинарот ќе земат учество 12 странски студенти од држави ширум Европа и 23 студенти од Техничкиот Кампус при универзитетот “Св. Кирил и Методиј” - Скопје.

Апликациите за учество на настанот се бесплатни и се отворени до 12.02.2018. Доколку сте заинтересирани и сакате да се надоградите себе си, можете да се пријавите самостојно или во тим со уште двајца (вкупно тројца). Пријaвување на следниот линк: https://goo.gl/forms/qUKfMZ7XofGK6vIa2

Повеќе информации можете да најдете на http://calu.mk/

Учесниците на семинарот кои студираат на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство ќе добијат по 2 ЕКТС за учество на истиот. 

 
0