На 23.6.2022 (четврток) почнувајќи од 9:45 во Амфитеатарот на ФИНКИ ќе се одржи Инфо ден во рамките на акцијата “Digital forensics: evidence analysis via intelligent systems and practices - DigForASP” (https://digforasp.uca.es/). Целта на овој Инфо ден е да се прошири мрежата на истражувачи, безбедносни сили и членови на други релевантни институции од Северна Македонија и регионот со цел да се истражи потенцијалот на примената на вештачката интелигенција и автоматското расудување во областа на дигиталната форензика, која е главниот предизвик на COST Action 17124 - DigForASP. Затоа, меѓу другите, претставници од Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија, Народна банка, релевантни чинители и приватни компании ќе бидат дел од овој настан.

Доколку ве интересираат повеќе информации и/или сакате да се приклучите на настанот, ве молиме пратете е-маил на следната адреса: Aleksandra.kanevche@finki.ukim.mk

1