ROBOTS-IN-RESIDENCE | ПОВИК ЗА УЧЕСТВО

 

Живееме во невообичаени времиња. Пандемијата „Ковид-19“ го погоди целиот свет и целосно го промени нашиот секојдневен живот. Дури сега сфаќаме колку ни е важна блискоста и контактот со другите луѓе. Истовремено сфаќаме колку технологијата може да ни помогне да продолжиме да работиме безбедно и да обезбедиме некаква форма на комуникација и со тоа некоја меѓусебна блискост.

Кога зборуваме за технологија денес е невозможно да се избегнат темите поврзани со вештачката интелигенција. Како можат интелигентните роботи да ни помогнат и да се користат во полза на општеството? Кои барања мора да бидат исполнети за да не се занемарат аспектите како што се безбедноста и етиката?

Со цел да ги разјасниме овие и другите прашања, организираме низа активности во 2020/2021 година заедно со многу партнерски институции во Европа. Програмата "Robots-In-Residence" го означува почетокот на овие активности.

Гете-институт Скопје во соработка со Факултетот за информатички науки и инженерство - ФИНКИ објавува повик за учество на хакатон за програмери и уметници кои што се занимаваат со роботика и вештачка интелигенција.

Што е "Robots-In-Residence"?

Во моментов, заради пандемијата, имаме ограничени можности да спроведуваме проекти во кои уметници, говорници, експерти, научници, програмери или писатели патуваат, учествуваат во настани во нашиот институт или престојуваат во нашата држава. Затоа роботот NAO 6 доаѓа кај нас, во Скопје како дел од проектот „Генерација А = алгоритам“ и по повод германското претседателство на Советот на ЕУ во 2020 година.

Бараме тимови од програмери (и/или уметници) кој ќе го програмираат роботот и ќе го обучат со нови вештини во полето на асистивни технологии, медицинската нега, нега на стари лица и лица со посебни потреби. Пријавувањето на тимовите ќе трае до 1.8.2021 на линкот

По првата претселекција најдоцна до 3.8.2021, селектираните тимови ќе можат да започнат да ги имплементираат своите предложени проекти со роботот НАО во лабораториите на ФИНКИ. Периодот за имплементација на идеите и експерименти со самиот робот ќе трае до 22.8.2021. Потоа ќе следи презентација и евалуација на проектите и избор на победник од тричлено жири. Победникот може да ја доусовршува својата идеја со роботот до 15.9.2021 кога ќе има и финална презентација на продуктот. За победникот е предвидена стипендија од 1.200,00 евра за завршување на проектот.

nao.jpg

 

ХАКАТОН

Рок на пријавување: 1.7.2021 до 1.8.2021 на линкот

Предселекција на тимови: до 3.8.2021

Работа на тимовите: од 4.08.21 до 30.08.21

Локација за работа: хибридно - лаборатории на ФИНКИ и онлајн

Избор на победник3.9.2021

Усовршување на продуктот на победникот: до 15.9.2021

Презентација на продуктот на победникот: 15.9.2021

 

*Забелешка: може да се пријават и тимови на програмери (составени од два или повеќе програмери), групи уметници или мешани групи на програмери и уметници. Сепак, договорот за стипендија може да се склучи само со едно лице, а стипендијата од 1.200,00 евра може да се исплати само еднаш и на едно лице од тимот.

 

ПАРТНЕР: Иницијатива на Гете-институт која е дел од проектот „Генерација А = алгоритам“, финансирана со специјални средства од Министерството за надворешни работи, по повод германското претседателство на Советот на ЕУ 2020 година. Во соработка со Факултетот за информатички науки и инженерство ФИНКИ, Скопје.

 

 

0