Microsoft академијата на ФИНКИ во текот на летниот семестар (втората половина на април) организира два курса и тоа:

  1. Querying Microsoft SQL Server
  2. Developing ASP.NET MVC Web Applications

По успешно завршување на секој од понудените курсеви, освен здобиеното знаење, кандидатите ќе се стекнат со: 

  • Академски сертификат за познавање на соодветната Microsoft технологија и 
  • дополнителни 2 кредити на студиските програми на ФИНКИ за секој завршен курс. 

Напомена: Максималниот број на кредити кои може да се добијат од екстракурикуларни активности на ФИНКИ е 6 кредити. 

picture1_0.png

Курсевите ќе се одвиваат во модерно опремени лаборатории, каде секој од студентите ќе има можност практично да работи на материјалот кој ќе се предава.

Цената за курсевите е:

  • 10.000 денари за еден запишан курс со можност за плаќање на 2 рати (соодветствува на 2 ЕКТС кредити).
  • 18.000 за два запишани курса со можност за плаќање на 3 рати (соодветствува на 4 ЕКТС кредити).
  • 24.000 денари за три запишани курса со можност за плаќање на 4 рати (соодветствува на 6 ЕКТС кредити).

Минималниот број на пријавени кандидати за активација на секој од понудените курсеви е 10. Курсевите ќе започнат во втората половина на Април 2017 во договор со кандидатите.

Сите заинтересирани кандидати потребно е да се пријават тука, најдоцна до 15.04.2017.

 

0