EURAXESS – истражувачи во движење е единствена пан-европска иницијатива, поддржана од Европската Комисија, која овозможува пристап до различни информации и сервиси за поддршка за истражувачите кои сакаат да ги продолжат нивните истражувачки кариери во Европа.
 
Во рамките на оваа инцијатива на 26 октомври 2015 година Европската Комисија организира промотивни активности наменети за студентите и истражувачите, ќе има EURAXESS - BUS и серија на предавања (од гости од Европа) во амфитеатарот на ФИНКИ од 10:00 до 16:00 часот.
 
Повеќе информации за настанот може да прочитате и на официјалниот настан објавен на Facebook.