
Секој заинтересиран кандидат треба да ги достави следниве документи:
- Целосно пополнета апликација за практикантска работа; и
- Копија од договорот склучен со Министерството за образование и наука за доделување на стипендија за студенти од социјалните категории за 2015 година.
За овој повик ќе се сметаат за квалификувани студентите од следниве факултети: сите технички, економски, правен, филозофски, филолошки.
Практикантските ангажмани ќе се спроведуваат во текот на годината.
Кандидати можат да аплицираат за програмата со испраќање на погоре наведените документи на:
- следнава адреса: Американска стопанска комора во Македонија, Иво Лола Рибар 59А-1/15, 1000 Скопје, Македонија;
- следнава е-маил адреса: info@amcham.com.mk.
Крајниот рок за аплицирање е 17 април 2015 година (петок) до 17:00 часот. За испраќање на документи по пошта, кандидатите мора да го запазат крајниот рок за аплицирање.
АмЧам Македонија не гарантира практикантски ангажман на ниту еден од пријавените кандидати.
АмЧам Македонија ги застапува интересите на преку 100 најуспешни македонски и интернационални компании. Нашата мисија е да бидеме гласноговорници на меѓународните бизниси во Македонија, промовирајќи ја глобалната конкурентност на нашата економија преку разни активности и настани како и преку имплементирање на најдобрите практики.
Повеќе информации за организацијата можете да најдете на www.amcham.com.mk и во овој документ[PDF].