
Првите 50 студенти на ФИНКИ кои ќе се пријават на lanfest@finki.ukim.mk, добиваат бесплатни влезници за Дигиталниот фестивал кој се одржува во рамките на LAN Fest Conference 2011 и ќе каде можат да се натпреваруваат, а воедно и забавуваат. Дигиталниот фестивал, кој ќе трае 3 дена (20 – 22.05.2011), претставува најголем LAN собир во југоисточна Европа, со капацитет од 500 учесници. Учесниците на фестивалот ќе можат да играат, комуницираат, програмираат, дизајнираат, итн., а ќе бидат организирани и разни видови на турнири, забава и музички настани.
Заинтересираните учесници пред да се пријават можат да ги погледнат Правилата за настанот и условите за учество, како и Листата на потребна и доволна опрема за учество.
Цената за тридневно учество на Дигиталниот фестивал изнесува 600 денари, но најбрзите студенти на ФИНКИ ќе ги добијат бесплатно.
Фестивалот започнува во петок, 20.05.2011, во 08:30 часот, а на учесниците им се препорачува да бидат присутни до 11:00 часот. За повеќе детали, посетете ја официјалната веб страна на Дигиталниот фестивал на LAN Fest Conference 2011.
Сè што треба да направите е да се пријавите и да дојдете на Дигиталниот фестивал со својот компјутер или играчка конзола. Ве очекуваме!