Почитувани, на 11.09.2012 година, во Завод за трансфузиологија беше промовирана апликацијата Биди Хуман, развиена од студенти на ФИНКИ, под менторство на вон. проф. д-р Владимир Трајковиќ, поддржана од Републичкиот завод за трансфузиологија. Повеќе детали можете да видите во текстот подолу.
 

 
Биди хуман е апликативно решение кое користејќи ги современите интернет и мобилни технологии дава подршка на процесот на дарување на крв и останати видови хуманитарна помош. Главна цел на апликацијата е да помогне да се спаси барем еден човечки живот.

Решението е изработено во соработка со заводот за трансфузиологија, при клиничкиот центар во Скопје, црвениот крст на Македонија, Фондот за здравство и Министерството за здравство на Р. Македонија.

 
Решението се состои од апликација за паметен телефон (во моментов функционираат апликациите за iPhone, Windows Mobile и Android платформата) и интернет страница.
 

Со помош на нашето решение може едноставно да се креира хуманитарен настан (акција за дарување на крв) и веднаш да се известат сите или одредени корисници на апликацијата. Филтрирањето на корисниците може да биде по повеќе критериуми како: тип на крвна група, моментална одалеченост од местот на настанот, време од последно најавување на системот, преференци за типови на акции, итн. 

Ова решение е прв продукт на лабораторијата за мобилни и сеприсутни апликации (донација на Владата на Р. Македонија). Апликацијата е развиена од Иван Алексовски и Раде Десподовски, студенти на ФИНКИ.
 
Повеќе детали за апликацијата можете да најдете на веб страната на ФИНКИ, или на веб страната на Заводот за трансфузиологија.
 
 /> </div>
<div> </div>
<div style= /> </div>
<div> </div>
<div style= /> </div>
<div> </div>
<div style= /> </div>
</body></html>