11/12/2011

Компанијата Битсиа има потреба од практиканти со можност за постојано вработување. Заинтересираните кандидати потребно е да имаат познавање на PHP или Java, а познавањето на ActionScript ќе се смета за предност.
За студентите на ФИНКИ, работата што практикантот ќе ја заврши на некои од проектите може да се признае како семинарска работа.
Заинтересираните можат да ги праќаат своите CV-а на hello@bitsia.com. Насловите на веќе изработените семинарски работи и проекти на оваа тема е добро да се наведат во пријавата.
Битсиа е млада фирма од Македонија која што се занимава со изработка на веб и мобилни апликации за македонски и странски клиенти. Некои од проектите во сопственост на Битсиа се:
- maturanti.com - социјален сајт за матурантите од Македонија
- kupi.se - претходната година беше прогласен за e-commerce сајт на годината
- umko.mk - едукативна Android апликација „Умко“, која освои прво место на натпреварот за програмери организиран од АЕК.