Во петок (18.03.2016) од 11ч. во SEDC во Скопје ќе се одржи SEDC Business Simulator Challenge Day - Ready, study go!, отворен настан за сите заинтересирани за учество во вториот циклус на SEDC Business Simulator, при што најдобрите учесници ќе имаат можност да добијат стипендија.
 

Целта е преку учеството во оваа програма да се постигне искуствено учење и студентите подеднакво да ги совладаат техничките барања, но и бизнис логиката на процесите во кои се вклучуваат во иднина и со тоа да се забрза процесот на вработување или професионално ангажирање. Воедно, оваа фаза има за цел да идентификува талентирани млади професионалци и да поттикне иновативни технолошки решенија кај нив.
 
 

Бизнис симулаторот на Сеавус едукативен и развоен центар е уникатен напреден модел за практично професионално усовршување на студентите во специјална тренинг програма преку нивно директно поставување на конкретна позиција – улога во симулиран бизнис процес под менторство на ИТ компанија.

Повеќе информации за настанот може да погледнете на официјалниот настан на Facebook.