ЕУ инфо центарот во организација со ФИНКИ организира студентска дебата во рамки на 16-дневната кампања против родово-заснованото насилство и ги поканува сите заинтересирни студенти да присуствуваат.
 
 
Настанот ќе се одржи во понеделник, 07 декември, од 12 - 14 часот, на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (Амфитеатар на ФИНКИ, Анекс на Технолошки факултет, ул. Руѓер Бошковиќ бр.16). Ана Јовковска ќе разговара со Албулена Карага и Ива Михајловска, НВО ХЕРА.
 
Агенда на настанот:
  
  • 12:00 – 12:01 Видео HEFORSHE Стави точка
  • 12:01 – 12:05 Вовед (Ана Јовковска)
  • 12:05 – 12:15 Видео со Ema Watson
  • 12:15 – 14:00 Панел дебата и дискусија со студентите
Линк до официјалната страна на Facebook: ЕУ инфо центар