diplomi-finki
Како потврдување на нашите претходно објавени информации за стручните називи на Дипломите на пренесените студиски програми на ФИНКИ, а во поглед на нејаснотиите кои се појавија околу тоа прашање, го објавуваме официјалниот став на Министерството за образование и наука, надлежно за работите на високото образование.
 
Заклучокот од официјалниот став е: „... стручните називи кои ќе ги добиваат студентите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство со завршување на пренесените студиски програми ќе бидат исти со стручниот назив на истите студиски програми кои се изведуваат на Природно-математичкиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии во состав на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје“.
 

Прилог: Интегрален текст со образложение на заклучокот.