Студентската организација ЕЕСТЕК ЛК Скопје од изминатиот семестар отпочнna со реализирање на серија на бесплатни курсеви кои се достапни за ограничен број на студенти на УКИМ.

Идејата зад овој проект е на студентите да им се понуди моќно комплементарно образование надвор од факултетската програма, сé со цел да ги прошират своите видици и да постигнат лично надградување и развој. Темите кои ќе бидат обработени со првата ЕЕСТЕК Акедемија на учесниците на модулите ќе им овозможат стекнување на знаења на теми кои не се опфатени со образовниот систем. Академијата вклучува вкупно 5 модули. Првите два модули беа на темитe Behavioral Economics и Mobile application development, додека пак во наредните модули ќе се обработуваат темите: Soft Skills, Gaming и Telecommunications. Секој од овие модули претставува независна единка и пријавувањето и селекцијата за учество на секој од нив е засебно.

Повеќе информации за академијата, како и информации за аплицирање можете да најдете на овој линк[PDF].