Компанијата Eferio објавува отворен конкурс за практиканти и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Компанијата има потреба од студенти со изразен интерес за изградба на социјални мрежи и ентерпрајз портали за заедно да изградат наменски портал за македонската заедница на програмери. Неопходно е предзнаење на ЈАВА и некоја ЈАВА порталска платформа. Голема предност имаат оние со искуство и/или амбиции да работат со LIFERAY платформата. Сите заинтересирани кандидати потребно е да ја испратат својата кратка биографија на admin@eferio.com.