11/11/2013

Се известуваат сите студенти дека во среда, 13.11.2013, ќе се одржи спортско рекреативен ден во организација на УКИМ, 29-та по ред есенска студентска планинарска тура Водно 2013 година.
Покровител на планиинарската тура е Ректорот на УКИМ, проф. д-р Велимир Стојковски, а се одржува по повод „13 Ноември“ - Денот на ослободување на град Скопје. Планинарската тура е со почеток во 10 часот, од стартното место - Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија. Учесниците треба да бидат пред Институтот во 9:30 часот.
За таа цел студентите од прва година се ослободени од нивните редовни обврски за да земат учество во планинарската тура.
Повеќе детали за планинарската тура може да се најде во официјалниот допис од УКИМ.