Студентите од ФИНКИ, Димитар,  Кристијан и Филип, се финалисти на натпреварот за иновации на Телеком во Скопје и ќе патуваат во Краков на светското финале да ја презентираат својата идеја „Photovoltaic“. Идејата се однесува на подобрување на системот за наводнување на земјоделските полиња со користење на паметен систем од пумпи за наводнување.

Факултетот им ја честита победата во Скопје и им посакува успех во Краков.