На 20 Октомври 2012 година се оддржа 6-тиот по ред меѓународен, 24 часовен натпревар по програмирање IEEEXtreme, организиран од најголемата светска организација на инженери IEEE. Право на учество на натпреварот имаа студенти на додипломски и последипломски студии. На натпреварот се натпреваруваа 1941 екипа од целиот свет.

И оваа година ФИНКИ учествуваше со свои претставници на натпреварот. Под менторство на професорот д-р Андреа Кулаков и асистентот м-р Петре Ламески, нашиот факултет го претставуваа екипите:

  • FINKIVeterans во состав: Бојан Костадинов, Јордан Паликрушев и Игор Кулев;
  • FINKI01 во состав: Живко Лазаров, Андреј Гајдук и Игор Гешоски;
  • FINKINCA во состав: Александар Ников, Трајче Лазовски и Војче Кушевски.

На натпреварот екипата FINKIVeterans го освои високото четврто место во светот и прво место во Регион 8 на IEEE. Екипите FINKI01 и FINKINCA ги освоија високите петнаесето и шеснаесето место.

Им честитаме на нашите претставници и им посакуваме многу понатамошни успеси.
Натпреварот беше организиран од ФИНКИ, а поддржан од компаниите Нетцетера и НИ ТЕКНА - Интелигентни технологии.

Официјалната страна со резултатите од овој натпревар може да се најде на следниот линк.