Во вторник 03.11.2015 во АМФ на ФИНКИ со почеток од 13:00 часот ќе се одржи покането предавање на тема Green ICT од страна на Albert Hankel, Project Manager & Sustainability Ambassador во SURFnet (холандската академска и истражувачка мрежа).  Ова отворено предавање со времетраење од 1 час е дел од дводневниот настан за Green ICT тренинг кој се одржува на ФИНКИ во рамките на GN4 пан-европскиот проект. Ги покануваме сите заинтересирани да присуствуваат на настанот.