23/09/2015

Објавен е Надворешен конкурс од страна на студентската организација ИАЕСТЕ Македонија (Меѓународна организација за размена на студенти од техничките факултети) кој ќе се одвива од 04.03.2015, па се до 13.03.2015. ИАЕСТЕ им овозможува на студентите од техничките факултети при сите државни универзитити ширум државата, да заминат на платена стручна пракса во странство, која освен потребното работно искуство, носи многу забава, стекнување бесценети и вредни пријателства и запознавање со нови и интересни култури.
Повеќе информации студентите можат да најдат на официјалната веб страна на ИАЕСТЕ Македонија, или на нивната Facebook страна.