Компанијата ICELABS DOO објавува отворен конкурс за практиканти и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Повеќе информации за конкурсот се дадени во продолжение.
 

 
ICELABS DOO е компанија која се занимава со развој и имплементација на веб решенија и апликации базирани на системи за менаџирање на содржини и cart системи како на пример Magento, Drupal, Wordpress и нивна интеграција со web-сервиси. 

Компанијата има потреба од студенти без работно искуство кои што имаат познавање од PHP, HTML, JS, CSS и MySQL бази на податоци.

Во текот на праксата студентите ќе се здобијат со:
  • Обука за имплементација на целосно решение за онлајн продажба 
  • Официјална потврда за остварената пракса во компанијата
  • Паричен надомест
  • Можност за постојано вработување по евалуација на нивниот интерес, ангажман и вештини
Што е потребно?
  • Да бидете проактивни, самоиницијативни и комуникативни
  • Тимски играч со изразена желба за надградба и докажување
Сите заинтересирани кандидати може да аплицираат на cv@icelabs.mk. Биографијата може да биде на македонски или на англиски јазик.

Огласот трае 15 дена од објавувањето.