22/10/2013

Microsoft во соработка со невладината организација TechSoup Global ја организира регионалната работилница Innovate4Good, која ќе се одржи во Белград на 18 и 19 октомври 2013 година. Целта на работилницата е да се зајакнат претприемачките вештини на младите иноватори.
Оваа работилница е дел од иницијативата YouthSpark на Microsoft чија цел е да им се помогне на младите да ги истражуваат општествените промени и да креираат иновативни решенија за подобрување на општеството со помош на технологијата. За време на работилницата учесниците ќе научат како да ја применат технологијата за создавање на општествени промени и подобра иднина за нив и нивните заедници.
Работилницата ќе се одржи во канцелариите на Microsoft Србија, каде што ќе учествуваат 50 учесници од Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија.
На оваа работилница ќе учествува и ФИНКИ со поддршка од Microsoft.