Компанијата ИНТЕР ДАНГОВ објавува отворен конкурс за практиканти, и ги поканува студентите од втора, трета и четврта година година на ФИНКИ да аплицираат. Повеќе информации за конкурсот се дадени во продолжение.
 

 
ИНТЕР ДАНГОВ е компанија која се занимава со web development and management на повеќе интернет страници, како на пример yupedia.com која претставува информативен портал од илјадници статии напишани на англиски јазик. Бидејки е менаџирана преку wordpress платформата, имаме потреба од студент кој што има познавање од PHP програмирање. Предност ќе имаат кандидатите кои:
  • Претходно работеле со wordpress или joomla
  • Имаат солидно познавање од HTML, MySQL и JavaScript

Во текот на праксата студентите ќе се здобијат со:

  • Обука за заработување преку интернет со помош на текстуално рекламирање
  • Практично знаење за тоа како функционира една online компанија која што целосно функционира на интернет
  • Официјална потврда за остварената пракса во компанијата
  • Препораки за вработување

ИНТЕР ДАНГОВ се наоѓа во ДТЦ Мавровка. Практичната настава ќе се одвива од 09:00 до 15:00 но ќе постои големи ниво на флексибилност во поглед на времето, со тоа што ќе има секогаш разбирање кога студентот ќе има обврски од факултетот.

Сите заинтересирани кандидати нека пратат CV на sorovince@gmail.com. На истата email адреса можете да поставувате прашања во врска со секој аспект од практичната настава.

Огласот трае 30 дена од објавувањето.