Друштвото за информатика Артисофт, една од водечките компании за изработка на SaaS (Software as a Service) решенија во регионот, ги поканува заинтересираните студенти од ФИНКИ да учествуваат во новата програма за пракси. Во текот на праксата (со можност за дополнително продолжување), студентите ќе имаат можност да работат со најнови и најмодерни технологии (Cloud технологии, Big Data & Search технологии), на конкретни проекти кои се работат во компанијата.

Праксата, од најмалку еден месец, подразбира 40 часовна работна недела со флексибилно работно време. Практикантите ќе добијат месечен надомест за трошоци во висина од 4.000 денари.

Канидадите за пракса треба да имаат останато уште само 1 година од студиите, да имаат желба да учат нови работи и да работат со нови технологии.

Предност би имале канидатите со:

    • Познавање на CSS, HTML, JavaScript, Jquery;
    • Познавање на работа со SQL бази;
    • Познавање на работа со ColdFusion и Oracle бази на податоци.

На најдобрите практиканти ќе им биде понудена и можност на вработување по завршување на праксата.

Заинтересираните кандидати можат да го испратат своето CV преку email на praksa@artisoft.net

Рокот за пријавување е 15.02.2015 година