ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје им нуди можност за пракса на студентите од ФИНКИ. Студентите ќе бидат вклучени во процесот на дигитализација на книги - дела од македонски автори, дигитализација на периодични публикации (весници, списанија), како и дизајнирање на веб страната на Библиотеката. Студентите задолжително ќе добијат потврда за практична работа. Праксата е соодветна и за студенти од почетните години и бара познавање на работа со компјутери.

Заинтересираните студенти може да ја започнат својата пракса во текот на месец јуни. Лице за контакт: Биљана Кочишка, email: b.kociska@gbsk.mk; тел. 3162 544 локал 104.

За подетално запознавање со Библиотеката посетете ја веб страната www.gbsk.mk