Kосмик Девелопмент објавува оглас за прием на практиканти, коишто ќе имаат можност да работат во тим со искусни .NET програмери.

Студентите коишто се гледаат себе си како талентирани и мотивирани за работа во средина, во која ќе имаат можност да се развиваат професионално, се наши потенцијални колеги.

Сите заинтересирани кандидати кои се гледаат себе си како талентирани и тимски играчи потребно е да испратат:

    • CV 
    • Опис на апликација (проект/семинарска/дипломска) што ја имаат изработено и 
    • Препорака од професорот со кој имаат соработувано на соодветната апликација

Документацијата да се испрати на careers@cosmicdevelopment.com, со назнака за 'Cosmic Internship - [.NET]'.