Компанијата ИНФИНИТУМ објавува отворен конкурс за пракса и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Компанијата има потреба од практиканти кои ќе работат во период од еден месец со можност за продолжување во период од јуни, јули и август.


КРИТЕРИУМИ:

    • запишана трета или четврта година
    • солидно познавање на Англиски јазик
    • потребно е познавање на следните програмски јазици:
      • Java
      • C++
    • искуство во развој на игри 

Практикантите се потребни во секторот за развој на игри. Личните податоци и контакт телефон да се достават по mail на praksa@infinitum.mk најдоцна до 15.06.2015.