Компанијата ИНТЕР ДАНГОВ објавува отворен конкурс за практиканти, и ги поканува студентите од било кој департмант да аплицираат. Повеќе информации за конкурсот се дадени во продолжение.
 
ИНТЕР ДАНГОВ е компанија која се занимава со развој и менаџмент на веб страни на повеќе интернет страници, како на пример elancer.mk која претставува огласник за услуги. 
 
Во текот на праксата студентите ќе се здобијат со:
  • Официјална потврда за остварената пракса во компанијата
  • Препораки за вработување 
ИНТЕР ДАНГОВ се наоѓа во ДТЦ Мавровка. Практичната настава ќе се одвива од 08:30 до 14:30 но ќе постои големи ниво на флексибилност во поглед на времето, со тоа што ќе има секогаш разбирање кога студентот ќе има обврски од факултетот.
 
Сите заинтересирани кандидати нека пратат CV на sorovince@gmail.com. На истата email адреса можете да поставувате прашања во врска со секој аспект од практичната настава.