Johnson Matthey Macedonia ја најавува својата четврта Летна програма за практиканти. Студенти ќе може да аплицираат за летна пракса во еден од повеќето оддели во компанијата. Компанијата нуди професионални пракси во разни полиња, меѓу кои производство, автоматизација, одржување и многу други. 
 
За праксата може да аплицираат студенти запишани на технички факултети. Заинтересираните кандидати потребно е да бидат запишани во 3 или 4 година на студии, или на постдипломски студии, да имаат познавање на англискиот јазик, познавање на Microsoft Office пакетот, добри организациски и комуникациски способности. 
 
Заинтересираните кандидати потребно е да ги испратат своето CV и мотивациско писмо напишани на англиски јазик на оваа e-mail адреса.
 
Рокот за аплицирање за праксите трае до недела, 31.05.2015 година.
 
Целосниот оглас можете да го најдете во овој документ[PDF]