24/08/2011

За потребите при организацијата на овогодишното издание на Визија, Микрософт Македонија нуди пракси за студентите на ФИНКИ кои би сакале да бидат дел од организацискиот тим. Заинтересираните студенти можат да бидат ангажирани за една од следните активности:
Ажурирање на веб портали (2 кандидати)
Активноста опфаќа ажурирање на веб страницата на Визија, ажурирање на Facebook, Twitter и LinkedIn профилот со најнови информации, следење на активностите, одговарање на прашања во консултација со организаторот и споделување информации.
Заинтересираните кандидати за оваа активност треба да имаат базични познавања и работа со веб и социјални мрежи.
Рокот за пријавување е до крајот на оваа недела, по што селектираните кандидати ќе започнат со тренинг за управување со порталот.
Helpdesk, поставување на работни станици и поврзување во мрежа (8 кандидати)
За оваа активност се предвидени две смени (по пола ден). Во секоја просторија ќе има по еден студент практикант кој ќе се грижи за функционирање на работните станици, ќе дава информации на учесниците и ќе им овозможи помош на предавачите на бина да се подготват за предавањата.
Заинтересираните кандидати за оваа активност треба да имаат познавања на работа на Windows 7 околина, откривање на мрежни проблеми и откривање на проблеми со работните станици.
Рокот за пријавување е до 20.09.2011, а ангажманот на селектираните кандидати би започнал во текот на месец октомври.
Изложбен простор, асистенција на посетителите со кратки презентации (10 кандидати)
Активноста опфаќа презентирање на кратки презентации (5 - 10 мин) на теми поврзани со Microsoft производи и технологии. Истите би ги презентирале на посетителите во Изложбениот простор и ќе даваат информации за истите.
Заинтересираните кандидати за оваа активност потребно е да имаат познавања од работа во Windows 7 околина и работа со веб.
Рокот за пријавување е до 20.09.2011, а ангажманот на селектираните кандидати би започнал во текот на месец октомври.
Студентите заинтересирани за некоја од трите понудени позиции треба да испратат свое CV до асистентот Владимир Здравески, на vladimir.zdraveski@finki.ukim.mk, со назнака „Пракса во Микрософт - Визија 9“.