
Студенти кои имаат интерес во следните области може слободно да аплицираат за пракса во МКхост:
- Графички и веб дизајнер (пожелно за оние кои го имаат слушано предметот Основи на веб дизајн / Напреден веб дизајн)
Изработка на веб страни користејќи HTML5 / CSS, JavaScript. Oптимизација на веб страни за мобилен преглед. Изработка на банери, промотивен материјал и графички елементи за промоции и маркетинг.
- System administrator (пожелно за оние кои го имаат слушано предметот Оперативни системи и/или Безбедност на компјутерски системи)
Мониторинг на Linux базирани сервери. Креирање на bash скрипти. Учење на cPanel/WHM панел за администрирање на сервер наменет за веб хостинг. Конфигурација на email сервиси, анти спам филтри, заштита од вируси и malware. Креирање и управување со DNS системи. Инсталација и користење на SSL сертификати. Користење на клучеви и безбедност во компјутерски системи.
- Корисничка поддршка (пожелно за оние кои го имаат слушано предметот Управување со техничка поддршка и/или Маркетинг)
Обука за продажба, директно јавување на корисници, онлајн чет со потенцијални клиенти и техники за продажба на услуги преку интернет. Користење на тикетинг систем за корисничка поддршка, пишување на готови артикли за вметнување во база на знаење. Учење како професионално да услужите и помогнете на клиент кој има проблем.
- Домени (пожелно е практикантот да биде во Куманово)
Изучување на домен системот. Работа со .mk домени. Регистрација на нови домени за корисници, пишување корисни информации за олеснување на процесот при нарачка. Работа со документи и проверка на документации на корисниците. Интеракција со клиенти.
- Социјални медиуми и маркетинг (пожелно за оние кои го имаат слушано предметот Маркетинг и Електронска и мобилна трговија)
Учење и управување со компаниски профил на Twitter, Facebook и LinkedIn. Пишување на блог постови поврзани со IT. Е-маркетинг, интернет маркетинг, онлјан рекламирање. Електронско плаќање, анализа на маркет, планирање и стратегија на една маркетинг кампања.
- PHP програмер и работа со МySQL (пожелно за оние кои го имаат слушано предметот Програмски практикум)
Креирање на мали веб апликации што ќе изложуваат дел од податоците на системите во позадина користејќи PHP програмски јазик и MySQL база на податоци. Креирање на веб апликации кои ќе автоматизираат одреден процес.
Ситe студенти кои ќе ја завршат праксата ќе добијат бесплатен домен и хостинг од една година.
Праксата ќе биде онлајн базирана и секој студент ќе има можност да работи од дома врз основ на претходно дефинирана програма и задачи за работа. Праксата ќе трае од 01.07.2014 - 01.09.2014 . Студентот ќе нема фиксно работно време.
Заинтересираните кандидати потребно е да испратат CV и да назначат за која од наведените работи се заинтересирани преку емаил на praksa@mkhost.com.mk.